mk | en
НАШИТЕ АПАРТМАНИ
Осмислете активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“, идеални за младите скијачи, прошетки на пролетното и есенско планинско сонце, вратете се во историјата на револуционерното минато на Крушево и Османлиското цартво, во тек на летната манифестација „Крушево етно град “ или едноставно, уживајте во чистиот планински воздух, зелените падини и автентичната староградска атмосфера и архитектура.

ОПРЕМЕНОСТ НА АПАРТМАНИТЕ
Современо опремени апартмани (2+1, 3 и 4 кревети), на атрактивна локација, веднаш до жичарницата , на пешачка оддалеченост од центарот на градот.

VINCE АПАРТМАНИ
Контакт телефони:
+389 70 364 515
+389 76 408 909
Адреса:
Таќа Бербер 18а,
7550 Крушево, Република Македонија
Е-маил:
ЗА КРУШЕВО
На падините на Бушева планина, заобиколен со густата Крушевска корија , на 1250 м надморска висина, како лепеза се простира еден од најстарите градови во Македонија. За градската историја и култура и денес сведочат типичната архитектура на градот, градбата на старите куќи, носиите и културното наследство на населението. Потеклото на градот датира од далечниот XV век, со првите влашки доселеници од Москополе.

Економскиот подем настапува во тек на осумнаесетиот и особено деветнаесетиот век, со населувањето на власите и го промовира градот во значителен трговски и занаетчиски центар.

Мешавината на двата народа, македонски и влашки, турското и европското влијание ја создаваат специфичната архитектура и граѓанска култура, која е негова основна карактеристика и до денес.

За тежнението на Крушевчаните кон слободата и независноста сведоци фактот дека својата слобода ја откупиле од султанот уште во деветнаесетиот век, обврзувајќи се да ја платат со високи годишни даноци.

Револуционерното минато на градот е посведочено со Илинденското востание во 1903 година , кога градот го отфрлил турскиот јарем и ја формирал првата независна република на Балканот, со свое карактеристично уредување и манифест, во кој се споменуваат желбата за созивот на луѓето од сите националности, како и демократскиот принцип на организирање.

Денес Крушево е град музеј, сведок на богатата историја и култура на македонскиот и влашкиот народ, познат летен и зимски туристички центар, идеално место за семеен туризам поради чистиот планински воздух, благите околни падини, мирот и тишината, нарушени само од шумолењето на ветрот низ коријата, место во кое традицијата, природата и културата се спојуваат, овозможувајки незаборавен сплет на уживање и одмор.

ИМАТЕ ПРАШАЊА?
Име и презиме:
Е-маил:
Порака:
КРУШЕВО ЕТНО ГРАД
За прв пат , летото 2009 година, на 105 годишнината од Илинденското востание, во Крушево е организирана манифестација , историски времеплов, наречена Крушево-Етно град, која претендира да стане традиција.
Copyright © www.vinceapartmani.com.mk - 2010
Developed by: Synapse