mk | en
НАШИТЕ АПАРТМАНИ
Осмислете активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“, идеални за младите скијачи, прошетки на пролетното и есенско планинско сонце, вратете се во историјата на револуционерното минато на Крушево и Османлиското цартво, во тек на летната манифестација „Крушево етно град “ или едноставно, уживајте во чистиот планински воздух, зелените падини и автентичната староградска атмосфера и архитектура.

ОПРЕМЕНОСТ НА АПАРТМАНИТЕ
Современо опремени апартмани (2+1, 3 и 4 кревети), на атрактивна локација, веднаш до жичарницата , на пешачка оддалеченост од центарот на градот.

VINCE АПАРТМАНИ
Контакт телефони:
+389 70 364 515
+389 76 408 909
Адреса:
Таќа Бербер 18а,
7550 Крушево, Република Македонија
Е-маил:
ЛОКАЦИЈА НА АПАРТМАНИТЕ
На главниот пат кој минува низ Крушево и води од влезот на градот кон локалитетот “Гумења”. Куќата во која се сместени апартманите се наоѓа на левата страна од патот, на дваесетина метри над жичарницата и на 5 минути пешачење од центарот на градот. Веднаш до родната куѓа на еден од најпознатите македонски сликари – импресионисти, Никола Мартиноски.



· Каде се наоѓа Крушево?

Крушево се наоѓа во централниот дел на западна Македонија, на 1.250м надморска висина, на југоисточните падини на Бушова планина. Терените за скијање се наоѓаат на 1.380м надморска висина, со северо-западна ориентација.

· Пристап кон Крушево

– од Скопје
- преку Велес и Прилеп (160 км), или
- преку Тетово, Гостивар, Кичево, (164 км)

– од Гевгелија
- преку Неготино, Кавадарци, Прилеп (160 км)

– од Охрид
- преку Кичево и Демир Хисар (150 км), или
- преку Ресен, Битола, Демир Хисар(120 км)

Скопје се наоѓа на централна позиција на Балканот, на автопатот Е75.

· Најблиски аеродроми

- Скопје 150км,
- Охрид... .120км,
- Солун.... 240км

Аеродромот во Скопје е поврзан со сите поголеми центри во Европа, директно, или преку блиските аеродроми во регионот (Белград, Будимпешта, Загреб, Љубљана, Цирих, Виена, Истанбул).

ИМАТЕ ПРАШАЊА?
Име и презиме:
Е-маил:
Порака:
КРУШЕВО ЕТНО ГРАД
За прв пат , летото 2009 година, на 105 годишнината од Илинденското востание, во Крушево е организирана манифестација , историски времеплов, наречена Крушево-Етно град, која претендира да стане традиција.
Copyright © www.vinceapartmani.com.mk - 2010
Developed by: Synapse