mk | en
НАШИТЕ АПАРТМАНИ
Осмислете активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“, идеални за младите скијачи, прошетки на пролетното и есенско планинско сонце, вратете се во историјата на револуционерното минато на Крушево и Османлиското цартво, во тек на летната манифестација „Крушево етно град “ или едноставно, уживајте во чистиот планински воздух, зелените падини и автентичната староградска атмосфера и архитектура.

ОПРЕМЕНОСТ НА АПАРТМАНИТЕ
Современо опремени апартмани (2+1, 3 и 4 кревети), на атрактивна локација, веднаш до жичарницата , на пешачка оддалеченост од центарот на градот.

VINCE АПАРТМАНИ
Контакт телефони:
+389 70 364 515
+389 76 408 909
Адреса:
Таќа Бербер 18а,
7550 Крушево, Република Македонија
Е-маил:
MЕСТА ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ВО КРУШЕВО
Крушево е еден од помалите градови во Македонија, но сепак изобилува со интересни места и знаменитости. Спомениците, манастирите, излетничките места се од дел можностите кои ги нуди Крушево и кои вредат се видат...

· Музеи
  • Музеј на Илинденското востание
  • Музеј од НОБ
  • Спомен куќа на Тоше Проески ( во изградба)
  • Леарницата
  • Галерија Мартиновски
  • Изложба „Крушевска Одаја” ( во тек на прославите поврзани со „Илинден”)
· Споменици
  • Споменик на Питу Гули
    (Под Хотелот Илинден)
  • Споменик на Никола Карев
    (На локалитет Гумења)
  • Споменик на паднатите борци
    (локалитет Мечкин Камен)
· Излетнички места
  • Слива
  • Гума
  • Кипрово
  • Вештачко езеро Крушево
· Локалитети
Центарот на градот со старата чаршија со автентичните занаетчиски    работилници и кафеани.
  • Гумења – Споменикот Македониум во кој е сместен гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев
  • Гробот на Тоше Проески - Спомен куќа на Тоше Проески (во изградба), (На локалитет Гумења)
  • Музеј од НОБ, Споменик на Никола Карев - (локалитет)Гумења)
  • Мечкин Камен – Споменик на паднатите борци - едно од најпознатите природни стартови на Балканот и во Европа за параглајдерство
· Цркви и манастири
  • Црква Св.Јован - Црквата Св. Јован, со познатиот дрвен иконостас од почетокот на ХХ век кај крушевчани позната е како „Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот.
  • Св.Троица - Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена.
  • Света Богородица - Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен.
  • Манастирот Свето Преобразение - Изграден на 8 км од Крушево, Големата македонска поп звезда, Тоше Проески го иницирал, во значителен дел го финансирал и лично учествувал во обновувањето на овој манастир. Од март 2010 ќе биде поставен телескоп насочен кон звездата која го носи неговото име.
  • Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови.
  • Св.Никола била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен, а обновена е во 1905 г.
ИМАТЕ ПРАШАЊА?
Име и презиме:
Е-маил:
Порака:
КРУШЕВО ЕТНО ГРАД
За прв пат , летото 2009 година, на 105 годишнината од Илинденското востание, во Крушево е организирана манифестација , историски времеплов, наречена Крушево-Етно град, која претендира да стане традиција.
Copyright © www.vinceapartmani.com.mk - 2010
Developed by: Synapse