mk | en
НАШИТЕ АПАРТМАНИ
Осмислете активен зимски одмор на благите падини за скијање на „Станич“, идеални за младите скијачи, прошетки на пролетното и есенско планинско сонце, вратете се во историјата на револуционерното минато на Крушево и Османлиското цартво, во тек на летната манифестација „Крушево етно град “ или едноставно, уживајте во чистиот планински воздух, зелените падини и автентичната староградска атмосфера и архитектура.

ОПРЕМЕНОСТ НА АПАРТМАНИТЕ
Современо опремени апартмани (2+1, 3 и 4 кревети), на атрактивна локација, веднаш до жичарницата , на пешачка оддалеченост од центарот на градот.

VINCE АПАРТМАНИ
Контакт телефони:
+389 70 364 515
+389 76 408 909
Адреса:
Таќа Бербер 18а,
7550 Крушево, Република Македонија
Е-маил:
НАСТАНИ ВО КРУШЕВО
Крушево може да се пофали со низа настани кои се случуваат во текот на годината. Овде спаѓаат културни манифестации, спортски случувања, организирање ликовни колонии, одбележување историски дати ...

· Прослава на Илинденско востание
Симулација на борбата на востаниците за ослободување од турското ропство. „Нападот на градот”,започнува ноќта помегју 01 и 02 Август. Сенароден собир на локалитетот Мечкин Камен на 02.08, со положување на цвеќе на гробот на борците за слобода на македонскиот народ.
· Десет дена Крушевска Република
Настанот се одржува од 01-10 Август. Низа на културни манифестации со кои секоја година се одбележува изборената независност на градот Крушево и воспоставувањето на првата независна република на Балканот, во 1903 година, со револуционерното востание, кое било крваво задушено од страна на турците по само десет дена.
· Останати
  • Крушево Етно град (јули и август секоја година)
  • Организирање на ликовни колонии
  • Прослава на датумот на раѓање на најголемата македонска музичка поп икона, Тоше Проески (25.01. секоја година)
ИМАТЕ ПРАШАЊА?
Име и презиме:
Е-маил:
Порака:
КРУШЕВО ЕТНО ГРАД
За прв пат , летото 2009 година, на 105 годишнината од Илинденското востание, во Крушево е организирана манифестација , историски времеплов, наречена Крушево-Етно град, која претендира да стане традиција.
Copyright © www.vinceapartmani.com.mk - 2010
Developed by: Synapse